Ти си тука

„Интегрална рехабилитација на ментално ретардираните лица“

Во 1981 година испадна од печат книгата-учебник на проф.д-р Љупчо Ајдински „Интегрална рехабилитација на ментално ретардираните лица“.

На крајот од својата рецензија д-р ЈАКУЛИЌ наведува: Книгата „Интегрална рехабилитација на ментално ретардирани лица“, на д-р Љупчо Ајдински ја пополнува празнината што се чувствува во олигофренолошката теорија и практика, како и во нашето практично настојување да пронајдеме најадекватен систем за рехабилитација на ментално ретардираните лица. Во таа смисла, авторот успеал да ги сублимира досегашните искуства кај нас и во светот, и тоа им го направи пристапно на сите заинтересирани општествени фактори што работат врз оваа проблематика“. 

По објавувањето на книгата „Интегрална рехабилитција на ментално ретардирани лица“, а по повод промоцијата на истата, проф. д-р Душан ЃОРЃЕВИЌ, го рече и следново:

„Оваа книга дојде во услови на многу изразени противречни ставови, мислења и дилеми во сегашниот момент во дефектолошката теорија и во практиката, што книгава ја прави извонредно актуелна, гледано од аспект на потребата од верификација на одговори на поголем број прашања од областа на заштитата и рехабилитацијата на ментално ретардираните лица“.