Ти си тука

Г-ѓа Марија Ајдинска

Родена е на 18.Ноември 1933 година во Клисура Република Србија од родителите Јула и Јордан Костови Зафирови. Основното образование го започнува во Крива Паланка, а го завршува во Штип. Средно образование (Учителска школа) завршува 1950 година во Скопје. По завршувањето на средното образование, од Министерството за Просвета е испратена за воспитателка на деца од Егејска Македонија од предучилишна возраст сместени во Дутовље Република Словенија. После година дена се враќа на работа како воспитателка во Детскиот дом „Вера Циривири“ во Скопје. По укажаната потреба за воспитателки во предучилишните установи, Марија е преместена на работа како воспитателка во Детската градинка „Лазар Колишевски“, сегашнатата Детска градинка „13 Ноември“ во Скопје.

Со ширењето на мрежата на предучилишните установи, од Околискиот одбор на град Скопје, е ставена на располагање на општината Гази Баба за да го отвори Забавиштето за деца од предучилишна возраст и да работи во него. Забавиштето ја започнува својата работа со 3 групи при Основното училиште „Стив Наумов“ во Автокоманда. По неколку години Забавиштето се издвојува од Училиштето во самостојна установа, како Детска градинка со назив „Детска радост“, во населбите Автокоманда и Железара. Марија е поставена како прва директорка на градинката и по 30 години работа како директорка, во 1985 одина заминува во пензија. Додека била директорка на установата, иницирала изградба на 5 посебни згради, во кои овозможува згрижување на околу 700 деца во јасли и градинка со околу 90 вработени воспитателки, негователки и технички персонал.

Покрај работата на сите наведени работни места, Марија била активно ангажирана во општествено - политичките организации и стручни здруженија (во Здружение на воспитателки и Синдикат на воспитателки од предучилишните установи). За успешноста во работата, во која го посветува сволот работен и животен век на децата и за општесвените активности, добила голем број признанија и благодарници, а пред заминување во пензија е одликувана со Орден на трудот од Претседателот на СФРЈ.

Денес, Марија ги живее своите 28 години пензионерски денови, а на на 18 Ноември 2013 година го прослави својт 80-годишен роденден, заедно со со своите најблиски од нејзината фамилија и фамилијата на нејзиниот сопруг заедно со внуците и правнуците, како и со најблиските роднини и пријатели.

Во 2012 година Марија во разговор со својот сопруг иницираше основање на Хуманитарна фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“, имајќи ги во предвид неговите досегашни хумани и филантропски активности во посветениот негов работен и животен век на лицата со инвалидност и децата без родителска грижа.