2013 година
I. Доделени награди:
1. Завод за рехабилитација на деца и младинци од Скопје, како најдобра посебна установа за заштита, образование и рехабилитација на деца и младинци си психичка попреченост, се доделува награда во износ од 10.000 денари, со Сертификат:
2. Вера Апостоловска, вклучена ученичка во Редовното основно училиште „Песталоци “ во Скопје, за постигнат успех во воспитно-образовниот процес и рехабилитацијата, се доделува награда во износ од 10.000 денари, со Сертификат;
3. Валентина Дуковска, најуспешен дефектолог-практичар во рехабилитационата работата, вработена во Клиниката за детски болести во Скопје, се доделува награда во износ од 10.000 денари, со Сертификат
4. Национален Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија;
5. Ирена Новачевска, за постигнати резултати во научно-истраживачката работа во областа на дефектолошката наука, како посдипломец на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, се доделува награда во износ од 15.000 денари, со Сертификат;
6. Мартина Наумовска, како најдобар дипломиран студент-првенец на генерацијата од учебната 2008/2009 година, со просечен успех од 9,83 на Институтот за дефектологија (Специјална едукација и рехабилитација) при Филозофскиот факултет во Скопје
II. Доделена стипендија:
1. Ивана Брческа, како најдобар рангиран кандидат по успех од средно образование, за упис на 1 (први) Циклус на студии во учебната 2013/2014 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. се доделува стипендија во износ од 12.000 денари, со Сертификат.