2014 година
Фондацијата „ Професор д-р Љупчо Ајдински “ на 3 Декември – Меѓународниот ден на инвалидите додели:
1. Награда во висина од 10.000 денари на Мануела Крчаноска, како студент на генерацијата со највисок просечен успех од 9,85. во учебната 2009/2010 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет;
2. Стипендија во висина од 12.000 денари на Нермина Вејселоска, со највисок успех од 98,817 поени за упис на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во учебната 2014/2015 година;
3. Награда во висина од 10.000 денари на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „ВО МОЈОТ СВЕТ“, за постигнати најдобри резултати во заштитата, образованието, рехабилитацијата и општественото афермирање на лицата со аутизам;
4. Награда во висина од 15.000 денари на Центарот за асистивна технологија „ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ“, за постигнати врвни научно – истражувачки резултати во областа на дефектологијата и социјалната заштита.
Доделени други награди во 2014 година:
Доделена награда од Фондацијата „Професор д-р Љупчо Ајдински“ на Универзитетската клиника за детски болести како најдобра установа за третман на децата со пречки во развојот.
Доделена награда од Фондацијата „Професор д-р Љупчо Ајдински“ за најдобар дефектолог практичар Спасе Додевски од Струмица.
Доделена награда од Фондацијата „Професор д-р Љупчо Ајдински“ на Младен Арсовски, како најдобар ученик вклучен во редовното основно училиште „Партение Зографски“