Оспособување на дефектолошки кадри
Во 1957 година беше организиран курс за оспособување кадри за работа со деца со лесна психичка попреченост. Предавачи на курсот со свои излагања настапија проф. Љубомир Аќимовиќ од Вишата педагошка школа – отсек за дефектологија од Белград, Љупчо Ајдински и Благоја Кондарко, како професори од Скопје.
Слушатели на дефектолошкиот курс за оспособување на учители од основните училишта за работа со деца со лесна психичка попреченост (1957 год.), заедно со професорот Аќимовиќ и организаторите на на курсот, Љупчо Ајдински и Благоја Кондарко.