Врз основа на членовите 27, 28 и 29 од Законот за здруженија и фондации (Службен  Весник на Република Македонија бр. 52 од 16 април 2010 година) на ден 20.02.2012 год. се донесува

A K T

за основање хуманитарна фондација

ПРОФЕСОР Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ

1.  Фондацијата се основа под називот: Фондација за хуманитарна помош, доделување награди на институции и лица со инвалидидет и степендирање на ученици и студенти   „ПРОФЕСОР Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ“ Скопје. Скратен назив на фондацијата е: Фондација „ПРОФЕСОР Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ“ Скопје

2.  Седиштето на фондацијата е во град Скопје.

3.  Седиште на фондацијата е: Бул. Кочо Рацин бр. 38/4-23, Скопје

4.  Времето на траење на Фондацијата е неограничено.

5.  Основачи на Фондацијата ce:

– Проф. д-р Љупчо Ајдински co стан на ул.”Бањалучка” бр. 10 – Скопје и

– Г-ѓа Марија Ајдинска co стан на ул.”Бањалучка” бр. 10 – Скопје.

6. Висината на имотната маса со која се основа фондацијата изнесува вкупно 25.000 ЕУР или во денарска противвредност од 1.537.500,00 денари од кои:

имотната маса на основачот проф. д-р Љупчо Ајдински изнесува 15.000 ЕУР во денарска противвредност од 922.500,00 денари, а имотната маса на основачот Марија Ајдинска изнесува 10.000 ЕУР во денарска противвредност од 615.000,00 денари. , кои ќе бидат долгорочно орочени, така што стипендијата и наградите ќе се доделуваат од добиената камата од овие средства.

7.  Потеклото на средствата на основачите се сопствени заштедени средства.

8.  Фондацијата може да има и дополнителни доброволни финансиски средстства од донатори (работни организации, невладини хуманитарни организации и поединци, почитувачи на носителот на  фондацијата), со тоа што за нивното зголемување ќе се грижи Одборот на фондацијата.

9.  Целта на фондацијата е:

9.1. Хуманитарна активност:

9.2.Доделување стипендија на најдобар ученик  по успех од средно училиште при упис на студии на Институтот за дефектологија (специјална едукација и рехабилитација) при Филозофскиот факултет во Скопје

9.3.Доделување на награди на:

  • студент – првенец на генерацијата при завршување на студиите на Институтот за дефектологија (специјална едукација и рехабилитација) при Филозофскиот Факултет во Скопје;
  • на истакнат дефектолог – рехабилитатор во практиката од посебните училишта односно установи во Р. Македонија;
  • истакнат ученик од посебните училишта односно установи во Р. Македонија;
  • истакнато посебно училиште, односно установа во Р. Македонија,
  • истакнато Здружение на граѓани кое се грижи за лица со инвалидитет
  • на лице истакнато со врвни научно-стручни достигнувања во дефектологијата и социјалната заштита.

10.  Одговорно лице за имотот на фондацијата е: Проф. д-р Љупчо Ајдински.

11.  Во правниот промет со трети лица и пред други лица, органи и тела, Фондацијата ја застапува проф. д-р Љупчо Ајдински, односно тестаменталниот извршител со неограничени овластувања.

12. Постапката и начинот за користење на средствата на фондацијата се врши на следниот начин: Одборот на фондацијата со согласност на сите членови ги одредуваат и ги доделуваат стипендијата и наградитепо предлог на предлагачите предвидени во Статутот на Фондацијата и тоа:

  • на најдобар ученик  од средно училиште стипендијата се доделува  при упис на студии на  Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, по предлог на Институтот за дефектологија;
  • нa најдобар студент – првенец na генерацијата Институтот за дефектологија (специјална едукација и рехабилитација) наградата се доделува на Меѓународниот ден на инвалидите “3 Декември” на Филозофскиот факултет по предлог на Институтот за дефектологија;
  • нa најдобар истакнат дефектолог во практиката,
  • на најдобар истакнат ученик од посебните училишта или установи

–           на најдобро училиште или установа,

Наградите се доделуваат по предлог на Претседателството на Сојузот на дефектолозите на Македонија на Стручен собир од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата нa на лицата со инвалидност.

  • на Здружението кое се грижи за  лица со инвалидитет, по предлог на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, наградата се доделува на Меѓународниот ден на инвалидите „3 Декември“.
  • На истакнато лице за врвни научно-стручни достигнувања во дефектологијата и социјалната заштита, наградата се доделува по предлог и одлука на Одборот на фондацијата, а се доделува на научен собир.

13. Органи на фондацијата се Управен одбор и директор.

14. Изборот за членови на Одборот на Фондацијата, како и нивното отповикување, се врши по предлог на основачите на Фондацијата, односно тестаменталниот извршител  од нив.

15.  Делокругот на работа на членовите на Одборот на Фондацијата е:

  • дa се грижат и раководат со финансиите на Фондацијата, како и да настојуваат преку разни форми да го зголемуваат фондот на финансиските средства на Фондацијата;
  • дa вршат транспарентно правично доделување на паричните награди и стипендијата на корисниците предвидени во документите на фондацијата;
  • дa контактираат и соработуваат со Институтот за дефектологија (специјална едукација и рехабилитација); Сојузот на дефектолозите на Македонија, посебните училишта односно установи и со Националниот совет на инвалидските организации во Македонија.

16.  Условите и постапката за избор на членови на Одборот на Фондацијата и нивното отповикување се врши на следниот начин:

  • Членови на Одборот на Фондацијата се врши од редовите на институциите и организациите кои вршат активности од делокругот на целите и задачите за што е формирана Фондацијата;
  • Од поеднци хуманисти и стручнаци запознаети со активностите и делото на носителот на фондацијата и негови подржувачи;
  • Од внуци на основачите;
  • Постапката за избор членови на Одборот на Фондацијата се врши по предлог на институциите, односно организациите, a по барање на основачите на Фондацијата, односно од тестаменталнот извршител  и со обраќање до поедницни и хуманисти, стручнаци и почитувачи на делото  на носителот на фондацијата;

            Отповикувањето членови на Одборот на Фондацијата се врши по предлог на основачите и институциите, односно организациите во  согласност со основачите.

17. Одборот брои 10 члена и ги има следните надлежности:

  • ја претставува фондацијата и ги води нејзините работи;
  • донесува статути и други акти;
  • усвојува финансиски план и завршна сметка;
  • решава за спојување со друга фондација и укинување на фондацијата.

18. Член на Управниот Одбор се изема од гласање за прашања поврзани со него, неговиот брачен другар, роднини до втор наследен ред, и за прашања што се однесуваат на некое правно лице врз кое тој има контрола или економски интерес.

19. Членови на одборот не можат да бидат вработени во Фондацијата.

20. Мандатот на членовите на одборот е четири години, со право на повторен избор, со тоа што половина од нив се повторуваат.

21. При основањето на фондацијата, првиот состав на одборот го определуваат основачите на фондацијата.

22. Членовите на одборот со мнозинство гласови од вкупниот број на членови го го избираат претседателот на одборот, кој ги свикува седниците и раководи со нив.

23. Членовите на одборот по правило не примаат паричен надоместок за нивната работа.

24. Членовите на одборот, како и на другите органи на фондацијата за својата работа се одговорни и пред основачите на фондацијата.

25.  Одборот на фондацијата од 10 члена го сочинуваат следните лица:

  1. Проф. д-р Зора Јачова – раководител на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при филозофскиот факултет, Скопје
  2. Магистер Горан Петрушев – претседател на Сојузот за специјална едукација и рехабилитација на Република Северна Македонија – Скопје
  3. Џулиета Ајдинска – директор на фондацијата
  4. Проф. д-р Горан Ајдински, претседател на управниот одбор на фондацијата
  5. Анета Стефановска – магистер по дефектологија
  6. Проф. д-р Кирил Темков
  7. Јованка Андреевска Аврамовска – дипломиран правник
  8. Жаклина Мучева – дипломиран педагог
  9. Јован Андреевски
  10. Поликсена Илиовска – дипломиран педагог

26. За Претседател на фондацијата е избран проф. д-р Горан Ајдински, член на Одборот на Фондацијата.

27. За Директор на Фондацијата е именувана Џулиета Ајдинска.