Престој во Чикаго
Од април до октомври 1965 год. заедно со уште три преставнички од Белград, Загреб и Љубљана, Љупчо Ајдински беше на студиски престој во Соединетите Американски Држави како стипендист на Кливленд фондацијата, каде што го проучуваше системот на социјалната и детската заштита, во контекстот на живеењето на граѓаните во Америка.
Програмата ја посетуваа 185 учесници од 57 земји на Европа, Блискиот Исток, Азија, Африка и Латинска Америка, поделени во 5 групи. Една од групите, во која беше и Љупчо Ајдински, беше распоредена во Чикаго во државата Илиноис.
Љупчо Ајдински во својата група на Универзитетот „ Чикаго “
За време на престојот во Чикаго учесниците престојуваа по 15 дена во различни семејства, што беше составен дел од програмата.
Од престојот на Љупчо Ајдински во едно од семејствата (Carol i Merlin Boehmke) во 1965 год.
( На фотографијата се презентира монографијата за Скопје, изготвена по земјотресот во 1963 година)