2012 година
I. Доделени награди на:
1. Посебно основно училиште „Маца Овчарова“ од Велес, како најдобра посебна установа од облата на заштитата, образованието и рехабилитацијата на учениците, се доделува награда во износ од 10.000 денари со Сертификат
2. Игорче Постолов, како најдобар корисник на установата од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со телесна инвалидност во Банско-Струмичко, се доделува награда во износ од 10.000 денари со Сертификат
3. Лорета Андреевска, како најдобар практичар-дефектолог, од ПОУ „Иднина“- Скопје, се доделува награда во износ од 10.000 денари со Сертификат;
4. Национален совет на инвалидските организации на Македонија – Скопје, за досегашната активност во подготвувањето на законски прописи за правата на лицата со инвалидност, вработување на инвалидни лица и во подобрување квалитетот на животот на инвалидните лица во Македонија, се доделува награда во износ од 10.000 денари со Сертификат;
5. Ангела Чингоска, како најдобар студент-првенец на генерацијата 2007/2008 година, со просечен успех 9,73 при Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје, се доделува стипендија во износ од 10.000 денари со Сертификат;
6. Величко Андреевски, како истакнат дефектолог во научно-стручната дејност во областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со инвалидитет во Македонија, се доделува награда во износ од 15.000 денари со Сертификат.
II. Доделена стипендија:
1. Евгенија Здравевска, како најдобар рангиран кандидат по успех од средно образование, за упис на 1 (први) Циклус на студии во учебната 2012/2013 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, се доделува стипендија во износ од 12.000 денари, со Сертификат.