Заштита, рехабилитација
„Заштита, рехабилитација, воспитание и образование на лицата со пречки во развојот во Република Македонија“
Професорот д-р Љубомир Савиќ при промоцијата на книгата „ Заштита, рехабилитација, воспитание и образование на лицата со пречки во развојот во Република Македонија“, како рецензент рече: „Во оваа дефектолошка книга – која е истовремено историја и лексикон на оваа дејност – може да се најдат илјадници факти, зад кои проблеснува трауматската животна судбина на десетици илјади инвалидизирани лица на кои македонската дефектологија им помогна да си ја најдат смислата на животот и да се снајдат во него. Тоа е најубавата пофалба што ја заслужува оваа обемна, силна, прекрасна и возбудлива историја на македонската дефектолошка практика и наука“.