Меѓународен собир во Остенде
Во 1969 година во Остенде, Белгија се одржа Меѓународен собир на кој се разгледуваше потребата од третман на лицата со умерена, тешка и длабока психичка попреченост. Д-р Коб презентираше свои искуства од можноста за успешен третман со овие лица и даде повик до сите земји да организираат таков третман и при тоа рече: „Тој повик во многу земји доаѓа од родителите и семејствата на деца исклучени од училиштата зашто сметаат дека нивните деца имаат право на оспособување“.
Оваа расправа ја потврди концепцијата и напорите на Љупчо Ајдински за извршените подготовки за отворање на новиот Завод за такви деца и младинци во Скопје.
Љупчо Ајдински со д-р Коб и други за време на паузата на
Меѓународниот собир во Остенде 1969 год.