Стручен тим на Институтот за дефектологија
Во текот на првите 3-4 години во изведување на наставата, покрај проф. д-р Љупчо Ајдински и пензионираниот проф. д-р Славчо Керамитчиевски, настава изведуваа и наставници од другите институти на Филозофскиот факултет и од дефектолошките факултети од Белград и Софија. До 1997/98 учебна година, бројот на редовно вработените, изнесиваше 7 кои изведуваа настава и вежби со студентите на Институтот.
Од работата на Стручниот тим на Институтот за дефектологијаЗа отворањето на студиите и работата на Институтот како професор и раководител на истиот, деканот на Факултетот проф. д-р Трајан Гоцевски во 2000 година, на Македонската телевизија, по повод одењето во пензија на професорот Љупчо Ајдински, меѓу другото, нагласи:
„Беше среќна околност што го имавме проф. д-р Љупчо Ајдински на овие студии и што ни се стави на располагање на Факултетот. Благодарение на неговото огромно искуство и на неговото меѓународно познавање на потребите од луѓе за работа со лицата со инвалидност, ние успеавме да ги организираме и да работат студиите според европските стандарди. Се работи за една исклучителна личност, која остави белег на Универзитетот во Скопје и на нашиот факултет. Филозофскиот факултет даде уште еден виден научен работник, со кој може да се гордееме ние, нашата држава и нашата нација“.