2026 година
По повод роденденот на Проф. Д-р Љупчо Ајдински на 28 Април, Фондацијата Проф. Д-р Љупчо Ајдински на 06.05.2026 година во 11:00 часот на Филозофскиот факултет ќе ги додели следниве: 🗓️🏛️
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА 🏆✨
-
Се доделува парична награда во износ од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Леон Мемиш Апостоловски, ученик во шесто одделение во ООУ ”Рајко Жинзифов” ОКВ населба Драчево – Скопје, ученик со посебни образовни потреби (аутизам) за одличен успех и примерно поведение во 2025 год. 🎓🥇🌟
-
Се доделува парична награда во износ од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Благојче Блажевски, ученик во прва година во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”, ученик со телесна попреченост (Даунов синдром) за одличен успех и примарно поведение во текот на 2025 год. 🎶🎻📜
-
Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Основно училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин” Битола за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2025 година. 🏫🏢🤝
-
Се доделува парична награда во износ од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на М-р Ана Петковска Николовска, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор, вработена во детска градинка ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин-Скопје, за најдобар- практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во 2025 г. 👩🏫👩патент🧸💎
