2025 година
По повод 3-ти декември светскиот ден на лицата со попреченост фондацијата Проф. д-р Љупчо Ајдински на 3-ти декември ( среда ) во 10 часот на факултетот ќе ги додели следните:
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
- Се доделува парична награда заедно со СЕРТИФИКАТ на Данче Георгиева за најдобро рангиран студент при уписот во прва година за учебната 2025/2026 година со постигнат просечен успех 97 поени.
- Се доделува парична награда заедно со СЕРТИФИКАТ на Весна Дичоска Трпеска за најдобар студент од генерацијата запишана во 2021/2022 година со постигнат просечен успех од 9,88 поени.
- Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Филозофскиот Факултет во Скопје, како резултат на долгогодишната одлична соработка со фондацијата на секое поле, а посебно во помошта и организација на сите досегашни јубилеи, настани и средби кои се однесуваат за лицата со попреченост.
Фондацијата Проф. Д-р Љупчо Ајдински на 06.05.2025 година во 10:30 часот на Филозофскиот факултет ќе ги додели следниве:
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
- Се доделува парична награда од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на ученичката Јована Трајчевска, ученичка во четвртта година во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” – Скопје.
- Се доделува парична награда во износ од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на ученикот Блаже Трпковски ученик во деветто одделение во ООУ “Гоце Делчев”.
- Се доделува парична награда во износ од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на ученикот Славе Наумовски ученик во седмо одделение во ООУ “Невена Георгиева-Дуња” за одличен успех и примерно поведение во 2024 г.
- Се доделува парична награда од 15.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Анета Стефановска – дипломиран дефектолог, магистар по дефектолошки науки, вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Скопје, избрана за најдобар практичар вработен во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во 2024 г.
- Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Здружение на родители на деца со аутизам Блуе Пуззле с.Долна Бањица, Гостивар за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2024 година.
- Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на компанијата СТУДЕНТСКИ СЕРВИС која се занимава со давање на услуги за печатење и издаваштво и има деловна единица на Филозофскиот факултет. Својата дејност ја остварува веќе 23 години и вклучува продажба на книги, изданија, студентски обрасци и сл.Фондацијата имаше и има голема соработка со Студентскиот сервис преку печатење на брошури, флаери и материјали. Често помагаше и излегување во пресрет на бројни наши собири и манифестации.
