2018 година
1. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Јане Велковски, како успешно интегриран ученик со тежок телесен инвалидитет во областа на образованието во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ вo Скопје.
2. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со сертификат на Даниела Саздова како успешен директор и како најдобар дефектолог практичар во областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост.
Доделени признанија:
1. Одборот на Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, како најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2017 година.
2. Одборот на Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на ПОУ „Св. Климент Охридски“ од Ново Село, Струмичко како најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со лесна и умерена психичка попреченост.
3. Одборот на Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Анета Петровска, како успешен директор, дефектолог практичар и голем хуманист во ПОУ „Иднина“ – Скопје.
4. Одборот на Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Анета Стефановска како успешен директор, дефектолог и голем хуманист во ЈЗУ „Заводот за рехабилитација на деца и младинци “ – Скопје.
5. Одборот на Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Живко Поповски – Цветин за изработка на илјадници слики „Цвеќе на мирот” со свои финансиски средства, доделени на високи светски и наши државници како и на голем број хумани лица во Републиката.
6. Одборот на Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Здружение на граѓани „Љубезност” Скопје за обезбедување и делење на храна на бедни лица секоја недела.
7. Заедничка фотографија на добитниците на наградите и признанијата.
8. Основачи на фондацијата, регистрирана во Централниот Регистар на Македонија во 2012 година.