2017 година
Доделени награди на 03.12.2017 година:
1. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Ангела Мирчевска за постигнат највисок просечен успех од 9,83 во генерацијата запишана во 2012/2013 година.
2. Се доделува парична награда во вид на стипендија во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Теодорка Костинчевска како највисоко рангиран студент при уписот на Институтот за дефектологија, односно специјална едукација и рехабилитација во учебнатa 2017/2018 година со усвоени 99,44 поени.
3. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на м-р Славица Марковиќ, директор на Основното и Средното училиште “Милан Петровиќ” во Нови Сад за покажани големи хумани активности во третманот на лицата со попреченост, успешно раководење на една од најуспешните установи за лица со попреченост, не само во Војводина и Србија туку и на просторот на поранешна Југославија, како и за дадената стручна помош на специјалните установи во Македонија
4. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Жаклина Мучева, новинар водител во ТВ „Алфа“за презентација на голен број хумани емисии, за ангажираност околу подобрување на условите на Дневниот центар за деца со психичка попреченост во Берово, за изготвување лектира за слепи лица и една година читање на истата пред нив и за учество во создавањето салон за масажа за тренинг на слепи лица во Заводот за рехабилитација на лица со оштетен вид во Скопје.
Доделени парични награди на 28.04.2017 година:
1. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Вероника Љоревска како најдобра корисничка на инклузивниот процес во областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост.
2. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Марија Савевска како најдобра корисничка на инклузивниот облик во областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост.
3. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар како најдобра установа која обезбедува инклузивен процес од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост.
4. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Ана Попоска како најдобар дефектолог практичар во областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост.
Доделени признанија:
1. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Виолета Софкарова, новинар – водител во Македонска телевизија за долгогодишно водење на емисијата „Петтиот Ангел“ за заштитата, рехабилитацијата, образованието и правата на лицата со попреченост.
2. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува Признание зедно со СЕРТИФИКАТ на Исаке Насуфе, пензионер (слепо лице) од с. Буковиќ – општина Сарај за неговата прва доделена финансиска донација на фондацијата „Професор д-р Љупчо Ајдински“ и за неговиот покажан хуманизам.
3. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Огнен Јаневски, новинар – водител во телевизија 24 за прикажаната емисија на 24 јануари 2017 г. за оспособувањето и вработувањето на лицата со попреченост и хуманиот негов однос во комуникацијата со овие лица присутни во емисијата.
4. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на проф. д-р Горица Левенска, логоппед од Скопје за нејзината покажана хуманост и големото ангажирање за отворање на студиите за логопеди и рехабилитатори при Медицинскиот факултет во Скопје.
5. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Лионс клубот „Свети Пантелејмон“ од Скопје за долгогодишна комтиуирана хумана активност изразена во подобрување на условите за успешна заштита и рехабилитација на лицата со оштетен вид и на лицата со психичка попреченост.
6. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Марија Башевска, новинар – водител во Македонската телевизија за долгогодишно континуирано водење на емисијата „Свет на тишината“ наменета за подобрување на условите за успешна заштита и рехабилитација на лицата со оштетен слух.
7. Хуманитарната фондација „Професор д-р Љупчо Ајдински“ доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Здружението на граѓани за култура и уметност Ан – Блок и Поликсена Илиоска од Скопје за дологогодишна континуирана хумана активност изразена во подобрување на условите за успешна заштита на децата со попреченост во Клиниката за детски болести во Скопје.