2015 година
Доделени награди на Филозофски факултет на 03.12.2015 година:
Стојчевска Анита – Студент со највисок просечен успех на Институтот за дефектологија во генерацијата запишана во 2010/2011. Постигнат успех 9,60.
Николовска Ангела – ученик со средно образование кој се запишува на Институтот за дефектологија со највисок просечен успех (освоени 93,787 поени).
Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА за постигнати одлични резултати во заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со интелектуална попреченост
Македонско научно здружение за аутизам за постигнати научно-истражувачки резултати во областа на дефектологијата
Доделени други награди во 2015 година:
1. Награда во висина од 10.000 денари се додели на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ Скопје, како најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во 2014 година.
2. Награда во висина од 10.000 денари се додели на Блаже Зафиров како најдобар ученик на установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во 2014 година. Наградата во името на ученикот ја прими директорот на заводот за рехабилитација на деца со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.
3. Награда во висина од 10.000 денари се додели на Лидија Крстевска Дојчиновска како најдобар дефектолог практичар, вработена во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во 2014 година.