2022 година
На денешен ден, 28 април, се навршуваат 92 години од раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински. Годинава неговиот роденден го славиме без негово физичко присуство, но неговиот исклучител, племенит дух е со нас.Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија.По повод денот на раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински, Хуманитарната Фондација „Проф. д-р. Љупчо Ајдински“ ги доделува следните награди и признанија:НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА1.Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Елена Тунтевска, ученичка во осмо одделение во ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола, дете со телесна попреченост, за континуиран одличен успех во сите години и примерно поведение.
2. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Дарко Недењковиќ, Студент на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот Факултет Скопје, студент со телесна попреченост за постигнати одлични резултати во текот на 2021 година.
3. Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Даниела Стојановска Џинговска – дипломиран дефектолог, вработена во Фонд за здравствено осигурување на РСМ за најдобар практичар во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби.
4. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Основното општинско училиште „Ѓорѓи Сугарев“ Битола со Центар за поддршка на учењето на ученици со попреченост, за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2021 година.