Дејноста на д-р Љупчо Ајдински во никој случај не беше врзана за некакви признанија, дејноста беше негова егзистенцијална суштина на животот.
Ќе наведеме некои од нив:
I. ОДЛИКУВАЊА
1. „Медал на трудот“, одликуван од Претседателот на СФРЈ со указ бр. 63 од 20.12.1957 година
2. „Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда“, одликуван од Претседателот на СФРЈ со указ. 96 од 09.10.1965 година
3. „Орден за воени заслуги со сребрени мечови“, одликуван од Претседателот на СФРЈ со указ. 218 од 22.12.1970;
4. „Орден за братство и единство со сребрен венец“, одликуван од Претседателот на СФРЈ со указ. 42 од 14.08.1980;II. НАГРАДИ
1. Наградата „Климент Охридски“, добиена во 1990 година од Република Македонија за особено значајни остварувања во областа на образованието;
2. Награда „11 Октомври“ во 2003 година како највисоко општествено признание за долгогодишни особено значајни остварувања за Република Македонија во областа на науката и образованието се доделува на проф. д-р Љупчо Ајдински;
3. Државна награда „Мајка Тереза“ доделена во 2008 година како признание за хумани активности од интерес на Република Македонија;
4. Награда „13 Ноември“ од 2010 година како општествено признание за значајни научно истражувачки достигнувања во хуманата активност;
5. Награда „Д-р Златан Сремец” за извонредно залагање во унапредување на рехабилитацијата и општествената грижа за ментално ретардираните лица во Југославија, добиена од Сојузниот одбор на Сојузот на друштвата за помош на ментално ретардираните лица, 1982;
6. Светската награда „The 2000 Millennium Medal of Honor“, односно „2000 милениумски златен медал на честа“ за хуманистички и про-фесионални достигнувања во последните 100 година, доделена од Аме-риканскиот биографски институт во Вашингтон, 2000 година;
7. Светската награда „2001 Noble Prize“, односно „2001 Награда за благородност“ за извонредни постигнувања и придонеси за целокупното човештво во 2001 година, е доделена од Обединетата културна конвенција – Прокламација на привилегии (САД), 2002;
8. Награда Статуетка „Мајка Тереза“ добиена во 2006 година од Граѓанската асоцијација „Блажената Мајка Тереза“ за хуманистичка активност;
9. Награда-плакета „3 Декември“ од 2010 година за исклучителен придонес, заслуги и лично залагање за подобрување на правата на лицата со инвалидност во Република Македонија, доделена од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, по повод Меѓународниот ден на инвалидите 3 Декември;
10. Награда „Индивидуален филантроп“ за долгогодишна хумана филантропска активност доделена од Центарот за институционален развој, 2010;
11. Награда „ВО МОЈОТ СВЕТ“ добиена од Здружението за помош на лицата со аутизам во 2012 година за истакнат придонес во заштитата и рехабилитацијата на лицата со аутизам во Република Македонија;
12. Послание „Мајка Тереза“ за хумани вредности подарени за човековата среќа која се доделува на 5 септември, денот на нејзиното упокојување – 2010;
13. Distinguished Presented To Lion Ljupcho Ajdinski FOR DEVOTED SERVICE TO OUR CLUB AND LIONISM, LC ST. PANTELEJMON, 2010;
14. PRESIDENT AWARD IN RECOGNITION OF OUTSTANDING SERVICE, Lion Prof. Ljupcho Ajdinski, 2010;
15. Lions Clubs International to Ljupcho Ajdinski „LION OF THE YEAR“;
Миг на ретките одмори на проф. д-р Љупчо Ајдински со неговата сопруга