2024 година
По повод 3-ти декември светскиот ден на лицата со попреченост фондацијата Проф. д-р Љупчо Ајдински на 3-ти декември ( вторник ) во 12 часот на факултетот ќе ги додели следните награди и признанија:НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА1. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на студентот Неда Наковска од генерацијата запишана во 2024/2025 година за најдобро рангирани студенти при уписот во прва година со 96,705 поени.
2. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на најдобар студент Емилија Огненова од генерацијата запишана во 2019/2020 година со постигнат успех од 9,08.
3. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Проф. д-р Виолета Арнаудова редовен професор во пензија на Институтот за психологија.
4. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Проф. д-р Трајан Гоцевски редовен професор во пензија и поранешен Декан на Филозофскиот Факултет.
На 28 април, се навршија 94 години од раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински. Неговиот роденден го славиме без негово физичко присуство, но неговиот исклучител, племенит дух е со нас.
Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Р. Северна Македонија.По повод денот на раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински, во петок на 10.05.2024 година во просториите на Филозофскиот Факултет во Скопје со почеток во 13 часот ќе се доделуваат наградите и признанијата од Хуманитарната Фондација Проф. д-р Љупчо Ајдински:НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА1. Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на ученикот Филип Величковски, ученик во прва година гимназиско образование во СУГС “Раде Јовчевски – Корчагин” Скопје, дете со телесна попреченост, за одличен успех и примерно поведение.
2. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на студентот Теодора Ефтимова студент на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозовскиот Факултет Скопје, студент со телесна попреченост, за постигнати одлични резултати во текот на 2023 год.
3. Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Светлана Миоковиќ Томеска – Мастер дипломиран дефектолог олигофренолог, Мастер дипломиран дефектолог логопед вработена во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, Прилеп за најдобар дефектолог – практичар во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби.
4. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Основното општинско училиште “Братство – Миѓени“ Тетово за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2023 година.
5. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, за подобрување на пристапноста и едукација на лицата со попречености.
6. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Проф. д-р Наташа Чичевска Јованова, раководител на Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет за успешно раководење со Институтот и постигнати научни резултати и едукација на студентите во областа на дефектологијата.
7. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на м-р Горан Петрушев, дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор, дипломиран логопед за постигнат посебен успех при воспоставување на нов модел за проценка на деца и млади со попреченост и развојни потешкотии во Р. Северна Македонија, врз основа на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).