2016 година
1. Награда во износ од 10.000 денари заедно со сертификат на Симона Костадинова од генерацијата запишана во 2011/2012 година на Институтот за дефектологија со постигнат просечен успех 9.65
2. Стипендија во износ од 12.000 денари заедно со сертификат на Надица Ѓерасимова запишана на Институтот за дефектологија во учебната 2016/2017 година со освоени 97.70 поени
3. Признание заедно со сертификат за хуманост на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет за долгогодишна хумана активност во подготовска на дефектолошки кадри за едукација и рехабилитација на лица со пречки во развојот
4. Признание заедно со сертификат за хуманост на проф. д-р Кирил Темков за бројни покренати и реализирани хумани активности, пред се’ за објавениот научен труд за етичките димензии на дефектологијата и воведувањето на Етиката во образовниот систем во Република Македонија.
Доделени други награди во 2016 година:
1. Установа за заштита и рехабилитација „ДЕТСКИ СВЕТ ИСТОК“, како најдобра приватна рехабилитациона установа од Скопје.
2. ЕЛЕНА ГЕОРГИЕВСКА, студент на факултетот за туризам и менаџмент како најдобар корисник на Дневните центри за заштита и рехабилитација од Скопје.
3. САМИР ГРБЛЕ, како најдобар дефектолог-практичар вработен во специјална паралелка во ОУ „Мустафа К. Ататурк“ во Гостивар.
ПРИЗНАНИЈА
1. Неговата екселенција г-н ИВАН ПЕТКОВ, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија за неговата хумана дејност во областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во развојот и соработката со Здружението за помош на лицата со аутизам „Во мојот свет“ од Скопје
2. „ЈУ СПЕЦИЈАЛЕН ЗАВОД ДЕМИР КАПИЈА“ за долгогодишна заштита и рехабилитација на лица со тешка и длабока психичка попреченост
3. СОЈУЗ НА ДЕФЕКТОЛОЗИ НА МАКЕДОНИЈА за долгогодишна вклученост на дефектолози во заштитата, образованието и ехабилитацијата на лица со физичка и психичка попреченост