На 28 април, се навршија 94 години од раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински. Неговиот роденден го славиме без негово физичко присуство, но неговиот исклучител, племенит дух е со нас.
Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Р. Северна Македонија.
По повод денот на раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински, во петок на 10.05.2024 година во просториите на Филозофскиот Факултет во Скопје со почеток во 13 часот ќе се доделуваат наградите и признанијата од Хуманитарната Фондација Проф. д-р Љупчо Ајдински