На денешен ден, 28 април, се навршуваат 92 години од раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински. Годинава неговиот роденден го славиме без негово физичко присуство, но неговиот исклучител, племенит дух е со нас.
Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“ ја продолжува хуманитарната работа на овој голем филантроп, поврзана со грижата, заштитата и третманот на лицата со попреченост во Република Македонија.
По повод денот на раѓањето на проф. д-р Љупчо Ајдински...


2023 година

На 1-ви Декември (петок) на Универзитетот "СВ. Кирил и Методиј" - Скопје, Филозофскиот Факултет - Скопје, ќе се одржи тркалезна маса по повод 3-ти Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост на тема:
Раната интервенција во детството во Северна Македонија“.

На овој ден и Хуманитарната фондација "Проф. Д-р Љупчо Ајдински" ќе додели награди и признанија на следните студенти:

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

1. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Виолета Радинoска најдобар студент од генерацијата запишана во 2018/2019 година со постигнат успех 9.50.


2. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Анастасија Заткоска студент со највисок успех од генерацијата запишана во 2022/2023 година.


3. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Надица Коцева студенткана прва година на Институтот за Специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет во Скопје, студент со телесна попреченост за постигнати одлични резултати во текот на 2023 година.