Ти си тука

Престој во Чикаго

Од април до октомври 1965 год. заедно со уште три преставнички од Белград, Загреб и Љубљана,  Љупчо Ајдински беше на студиски престој во Соединетите Американски Држави како стипендист на Кливленд фондацијата, каде што го проучуваше системот на социјалната и детската заштита, во контекстот на живеењето на граѓаните во Америка.

                               Заминување за Америка

Програмата ја посетуваа 185 учесници од 57 земји на Европа, Блискиот Исток, Азија, Африка и Латинска Америка, поделени во 5 групи. Една од групите, во која беше и Љупчо Ајдински, беше распоредена во Чикаго во државата Илиноис.

Љупчо Ајдински во својата група на Универзитетот „ Чикаго “ 

За време на престојот во Чикаго учесниците престојуваа по 15 дена во различни семејства, што беше составен дел од програмата

Од престојот на Љупчо Ајдински во едно од семејствата (Carol i Merlin Boehmke) во 1965 год.

( На фотографијата се презентира монографијата за Скопје, изготвена по земјотресот во 1963 година)