2022 година
2. Се доделува парична награда во износ од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Дарко Недењковиќ, Студент на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот Факултет Скопје, студент со телесна попреченост за постигнати одлични резултати во текот на 2021 година.
3. Се доделува парична награда од 10.000 денари заедно со СЕРТИФИКАТ на Даниела Стојановска Џинговска - дипломиран дефектолог, вработена во Фонд за здравствено осигурување на РСМ за најдобар практичар во установите од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со посебни потреби.
4. Се доделува ПРИЗНАНИЕ заедно со СЕРТИФИКАТ на Основното општинско училиште „Ѓорѓи Сугарев“ Битола со Центар за поддршка на учењето на ученици со попреченост, за најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитацијата на лицата со попреченост во текот на 2021 година.