Светски конгрес за социјално-економски развој во Опатија
Во 1975 година во Опатија се одржа Светскиот конгрес за социјално-економскиот развој, под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации, а организацијата на Конгресот беше доверена на Југословенската конференција за социјални дејности во име на земјата – домаќин. Од страна на Конференцијата, Љупчо Ајдински како член на истата, беше задолжен да го организира конгресот и таа подготовка траше скоро месец дена во Опатија.
На Конгресот учествуваа преку 1.000 стручњаци и општествено-политички работници од целиот свет. Работата на Конгресот траеше 5 дена и се одвиваше пленарно и по секции.
Следење на работата на една од секциите на Конгресот