Ти си тука

Отворање на институции

ОТВОРАЊЕ НА ИНСТИТУЦИИ ЗА ЗАШТИТА И РЕХАБИЛТАЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

I. Иницијативи и подготовки за отворање на институции за лица со психичка попреченост.

Љупчо Ајдински вработен во Републичкиот орган за социјална политика, беше задолжен да ја води, создава и развива службата за заштита и рехабилитација на лица со физичка и психичка попреченост во Р. Македонија.

Тој прво започна да создавање концепции и програми, како и да дава предлози за создавање услови за отворање институции за лица со психичка попреченост  .

1. Специјален Завод Демир Капија, институција за лица со тешка и длабока психичка попреченост. Подготовките, концепцијата и програмата за отворање на институцијата беа извршени во 1957, и во 1958 година се отвори  институцијата за вакви лица.

                                           Специјален завод во Демир Капија       


2. Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје, институција за лица со умерена психичка попреченост.

Подготовките, концепцијата и програмата за отворање на институцијата беа извршени во 1962 и 1963 година и на 1.XI.1963 година беа прифатени првите корисници во институцијата, како клон на Специјалниот завод од Демир Капија. Поради лошите услови за работа на институцијата, во времето од 1967 до 1969 година, Љупчо Ајдински, со стекнатото искуство од специјализацијата од Англија, Шведска и Холандија за заштита и рехабилитација со вакви лица, изготви Идејна и Инвестициона програма за изградба на нови просторни објекти, за современ третман на овие лица во Скопје. Во мај 1970 година, Заводот се пресели од Драчево во новите објекти во Скопје, со решение за издвојување од Демир Капија и започнување со работа како самостојна установа.

                                  Една од новите згради на самостојниот завод во Скопје        


3. Посебно основно училиште „Иднина “-Скопје, за ученици со лесна психичка попреченост.

Љупчо Ајдински во 1970 година, по барање на Друштвото за помош на лица со психичка попреченост, изготви Идејна и Инвестициона програма за реконструкција и адаптација на зградата од ОУ „Пенко Здравковски“ и кога беа извршени сите подготовки, училиштето започна со работа во 1971 година.

                                                      ПОУ „ Иднина “-Скопје


4. Посебно основно училиште „Д-р Златан Сремац“-Скопје за ученици со лесна психичка попреченост.

Бидејки ПОУ „Иднина“ беше предвидено за задоволување потребите на жителите од левата страна на реката Вардар, се укажа потреба од отворање на такво училиште за жителите од десната страна на реката Вардар. Се донесе одлука ова ново училиште да работи во зградата што се ослободуваше од ОУ „Кирил Пејчинковиќ“ . Во врска со тоа беше замолен Љупчо Ајдински да изготви Идејна и Инвестициона програма за реконструкција и адаптација на оваа зграда за потребите за работа на новото училиште. Од кога се извршија сите подготовки, се донесе решение ПОУ „Д-р Златан Сремац“ да ја започне својата работа во 1972 година.

                                                  ПОУ „ Д-р Златан Сремац “-Скопје


5. Посебно основно училиште „Маца Овчарова“ - Велес, за ученици со лесна психичка попреченост.

Ова училиште започна со работа во 1973 година, од кога беа извршени сите потребни подготовки да може да работи во истата зграда со ОУ „Трајко Андреев “, во кое пред тоа работеа посебни одделенија за вакви деца.

                                      Работа со децата во ПОУ „ Маца Овчарова “


6. Посебно основно училиште  со домско сместување за ученици со лесна и умерена психичка попреченост „Св. Климент Охридски“ во Ново Село Струмичко.

Во 1982 година се наметна потреба да се создадат услови за образование и рехабилитација на такви деца од општините во Републиката во кои нема посебни училишта или посебни одделенија. На предлог на Сојузот на дефектолозите на Македонија и Друштвото за помош на лицата со психичка попреченост, беше задолжен Љупчо Ајдински да разговара со преставниците на Општинското собрание во Струмица за да се подготви зградата во Ново Село, во која пред тоа работеше ОУ „Мануш Турновски“ и 10 години посебните одделенја за ученици со лесна психичка ппреченост, за да во неа работи новото училиште што се планира да се отвори. По извршените подготовки за адаптација на зградата и изготвената Идејна и Инвестицона програма за изградба на нова зграда за домско сместтување и од кога се беше готово, во 1985 година започна со работа новото ПОУ.

                             ПОУ „ Св. Климент Охридски “- Ново Село Струмичко


7. Државно средно училиште  рехабилитација и образование  „Св. Наум Охридски“-Скопје.  

Завршувањето на основното образование на учениците од основните посебни основи училишта, ја наметна потребата од отворање за овие ученици средни училишта за ученици со лесна психичка попреченост, прво во Скопје, а потоа и во Штип.

Во Скопје веќе завршуваше потребата од оспособување на возрасни инвалидни лица во наменски изградената зграда за таа цел по земјотресот. Се донесе решение да во оваа зграда се отвори такво училиште. Службата за заштита и рехабилитација на лицата со физичка и психичка попреченост при Републичкиот орган за социјална политика, со која раководеше Љупчо Ајдински ги изврши сите подготовки и установата започна да работи во 1982 година.

                        Државно средно училиште „ Св. Наум Охридски “ - Скопје


8. Центар за специјално средно насочено образование и воспитание  „Искра“ во Штип.

Истата службава при Републичкиот орган за социјална политика, беше задолжена да ја согледа состојбата на зградата на бившето средно земјоделско училиште во Ново Село-Штип, кое веќе не работеше и во колку се констатира дека може да се оспособи за оваа намена, да се поведе постапка и разговор со општинските органи во Штип за отворање на вакво училиште во оваа зграда.

Од кога беше констатирано дека може да се користи оваа зграда и постигната согласност со Општинското собрание за користење на зградата и извршенитев подготовки за адаптација и реновирање на зградата, се донесе решение и училиштето да започне со работа во 1982 година.

                                                 Центарот „ Искра “ во Штип


9. СПЕЦИЈАЛНИ, ОДНОСНО ПОСЕБНИ ОДДЕЛЕНИЈА ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Љупчо Ајдински со својата служба во Републичкиот орган за социјална политика и Благоја Кондарко од Министерството за просвета, дадоа голем придонес во отворањето на специјалните, односно посебните одделенија за ученици со лесна психичка попреченост во: Битола; Прилеп; Штип; Куманово; Крива Паланка; Охрид; Струга; Неготино; Гевгелија; Свети Николе; Пробиштип; Тетово; Блатец; Македонска Каменица;  Кичево и Гостивар.


II. ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДНИ ЛИЦА

  1. Завод за заштита и рехабилитација на телесно инвалидни лица- „Бања Банско“ -,Струмица

                                Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“


Љупчо Ајдински, покрај што даде голем придонес во отворањето на новите институции и посебните одделенија, тој  даде свој придонес и во подобрување условите на голем број постојни установи со изградба на нови објекти, како што се:

1. Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ - Битола 


2. Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје


3. Некогашното логопедско училиште од 1957 година


4. Центар за образование и рехабилитација  „Партенија Зографски“ - Скопје


5. Новата зграда на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен вид „Димитар Влахов “ - Скопје